Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА: Без 520 евра не може да се преживее месецот!

ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА: Без 520 евра не може да се преживее месецот!

За да се преживее месец септември на едно четири члено семејство му биле потребни речиси 520 евра или 32 263 денари.

Според новите податоци од Синдикалната потрошувачка кошница, септември во однос на август бил поскап за околу 0,32 проценти.

Само за исхрана во септември биле потребни 13.345 денари.

Следува домувањето кое месечно чини 10.468 денари.

За хигиена во септември биле потребни  2.272 денари за превоз 2.339, а за обувки и облека 2.087 денари додека 1.070 денари отпаѓаат на културни активности, а за одржување на здравјето 678 денари.

Просечниот износ на плати не е доволен да се преживее месецот. Ова тврдење е потврдено со фактот дека просечната исплатена месечна нето плата за август годинава изнесува 362 евра.

Слично

Поврзани вести