Потрошивме 2/3 од планираниот буџетски минус, Ставрески вели – рано е за ребаланс
За само четири месеци, од јануари до април, потрошени се 200 милиони евра од планираниот буџетски дефицит годинава. Ова се дури 2/3 од вкупниот буџетски минус планиран за годинава, што значи дека до декември останува уште 1/3.
Според последните податоци од Министерството за финансии, и во април буџетските расходи биле поголеми од приходите - во Буџетот се слеале 215 милиони евра, а биле потрошени 234 милиони евра. Сепак, во споредба со март, приходите во државната каса бележат извесно зголемување, додека расходите се намалуваат.
Министерот за финансии Зорн Ставрески вели дека засега нема потреба од ребаланс на Буџетот и проценува дека дефицитот ќе остане во планираните рамки.
„Ќе почекаме еден до два месеци и на средината на годинава ќе видиме дали ќе има потреба и колкав ќе треба да биде... Сезонски фактори влијаат врз буџетските трошоци. Во почетокот на годината ги исплативме субвенциите, како и расходи по основ на капитални инвестиции за автопатишта, а сите други трошоци се во рамки на планираните. До крајот на годинава ќе има помалку исплати по основ на субвенции“, вели Ставрески.
Слично
