ПОТРЕСНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Не дозволив децата да ми ги однесат во Домот за деца без родители, ги исчував сам
43-годишниот Ице
Спасовски од Куманово со искрена исповед за тешкиот живот во немаштија говори
како цели 10 годинио сам се грижи за неговите три деца, откако сопругата го
напуштила. Се оженил млад со
жената што ја сака, а веќе на 24
години станал татко, прво се родил синот, кој сега има 19 години, Живко, а
подоцна Александра (16) и Анастасија (14). Сепак, поради малите приходи уште во првите
години од бракот, не успеале да се снајдат. Неговата сопруга го напуштила по девет години брак, а девјчињата ги однела
воп Центарот за социјална работа. Спасовски, раскажувајќи ја неговата животна приказна за Женски Магазин, вели дека тогаш го доживеал најтешкиот удар.
- Жената ме напушти, таа бараше удобен живот и ме остави сам да се грижам за нашите деца. Живко тогаш имаше девет години, Александра четири, а Анастасија една година помалку. Ги зеде двете девојчиња, ги однесе во Центарот за социјална работа, ги остави во една соба и побегна. Кога ми се јавија од Центарот ме прашаа дали ќе ги земам децата или да ги однесат во Домот за деца без родители. Не прифатив, им реков дека сам ќе се грижам. Жена ми отогаш повеќе ниту се јави, ниту не побара. Сам ги исчуваав децата до денес, со големи маки, во немаштија. Живееме без струја 15 години. Сам се борам. Не сум побарал помош од никого. Во куќата има влага, сѐ е старо и недоправено. Немаме купатило. Немаме мебел. Спиеме на земја. Немаме канал, вода, сѐ што е најбитно - вели Спасовски.
Целата сторија на Женски магазин