Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА ЗА ДАНЧЕ КОЈА 17 ГОДИНИ БИЛА ТЕПАНА ОД МАЖОТ, А СЕГА ЖИВЕЕ ВО БЕДА - хуманите луѓе се на голем тест

ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА ЗА ДАНЧЕ КОЈА 17 ГОДИНИ БИЛА ТЕПАНА ОД МАЖОТ, А СЕГА ЖИВЕЕ ВО БЕДА - хуманите луѓе се на голем тест

Хуманите луѓе во земјава се на тест. Ќе и помогнат ли на Данче и нејзиниот син, кои претходно 17 години биле тепани од нивниот сопруг и татко алкохоличар, а сега успеале да се спасат од него, но се соочуваат со беда и недостоинствени услови за живот.

Потресната приказна за Данче беше споделена на фејсбук од хумана граѓанка, која ги повикува граѓаните да и помогнат на Данче. И требаат апарати за домаќинство, но и да се реновира дотраениот стан во кој живее. 

Еве како гласи објавата на хуманата граѓанка која реши да ја сподели сторијата на Данче. 

Само во Македонија си жив а мртов! Само овде може да те тепаат, омаловажуваат, дозакопаат, да ти го одземат достоинството, да те заглават во долгови, да немаш кој да те заштити, да остариш и да се разболиш пред време и да си викаш "не можам веќе, чекам да умрам за да се спасам од се"!

Излагаш по телевизии, медиуми, плачеш, молиш, на тацна им го ставаш твоето минато сите да те дознаат и пак ништо, сите остануваат глуви и те оставаат на милост и немилост! Освен Отец Оливер кој им помогна со храна веднаш кога ја виде сторијата и Маргарет со туш кабина, никој нема помогнато! 

Ова е судбината на Данче, самохрана мајка, 17 години тепана од мажот, 17 години тепан синот, 17 години се тепани двајцата крвнички од алкохоличар, бркани пред врата во сред зима, малтретирани до максимум! Тепано и е детето пред очи, ама не можела да го заштити бидејќи векје била претепана! И вака 17 години по ред, се додека пред 3-4 години не избегала со детето. И кога ќе мислиш дека си се спасил, гледаш дека немаш од што да зивеес и живееш само за да преживееш. Повеќето време гладни, без денар и живот исполнет со солзи.. Каква е оваа судбина и овој живот бре луѓе!

Данче родители нема, живее во нивниот стан кој е стар, дотраен и во ужасна состојба. Немаат бојлер, греат вода и се полеваат за да се избањаат - мајка и син! Нема казанче во wc, нема фрижидер, блокирана сметка од извршители, заостанати сметки, борба за храна, од една мизерија во друга! Конечно нашле мир, но сега се соочуваат со беда! И на овој живот, уште комсиите им се собрале дека ќе ги тепаат, бидејки течела некоја цевка од кај нив! Животот им е ужас!

Сакав да ве замолам, да застанеме позади овие луѓе и да им помогнеме да застанат на нозе и да ги осетат благодетите на животот зошто никој не заслужува да живее вака без достоинство и со наведната глава, никој!

Потребни се:

Бојлер, казанче за wc, фрижидер, машина за перење, кујна (макар 2 елементи со лавабо), поликолор... целиот стан е дотраен, ама барем овие основни работи за нормален живот да ги набавиме ве молам! Исто така ќе ни биде потребен водоводџија, електричар и молери, па кој сака нека се пријави.

Кој сака да донира, еве ја сметката, со дознака за Данче.

Здружение на граѓани "Стопли Срце" 

Сметка за донации: 270072685480143

ИБАН: МК07270722000030435

ХАЛКБАНК

Заборавив да кажам дека се греат на некоја стара печка на плин, па ако успееме да купиме клима или да најдеме донатор, би било супер!

Ајде друштво, колку фамилии помогнавме, можеме и сега! Нека видат дека не се сами и дека не имаат нас-народот! 

За насмевка за мама Даце, сите заедно! 


Слично

Поврзани вести