„ПОТРЕБНО Е РЕАЛНО ДА ИМ СЕ КАЖЕ НА ГРАЃАНИТЕ ШТО Е МОЖНО, А ШТО НЕ“: Екс директорот на Паркинзи-Центар вели Дебар маало ако се затвара за сообраќај, ќе се затвори за сите!
По неодамнешната идеја во јавноста да се затвори за сообраќај Дебар маало заради метежот кој таму се создава, поранешниот директор на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски, истакна дека Дебар маало ако се затвара, ќе се затвори и за жителите за сообраќај, не само за другите.
„Гледам дека повторно ја актуелизирате идејата за затворање на сообраќајот во дел од Дебар Маало. Бидејќи станува збор за стара идеја, потребно е реално да им се каже на граѓаните што е можно, а што не е.
Прво, МВР ќе дозволи времен режим (забрана за движење на возила на одреден простор) само ако тој важи за сите. Не може времен режим да важи за сите освен за жителите од тој простор.
Со други зборови, ако од петок до понеделник има времен режим на сообраќај, тогаш тој ќе важи за сите вклучително и за жителите кои живеат таму, кои исто така нема да можат да пристапат со возило.
Па, прашањето е: кому му одговара вакво парцијално затворање на Дебар Маало?“, напиша тој.
Слично
