Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потребни сезонски работници за во Грција, се бараат и за во Скопје

Потребни сезонски работници за во Грција, се бараат и за во Скопје

Сезонски работници најчесто се бараат за работа во соседна Грција.

На страницата „Сезонска работа во Грција“ на социјалната мрежа Фејсбук може да се забележи дека се бараат работници за работа претежно на грчките острови.

Летната сезона ќе пристигне наскоро па веќе почнуваат и да се бараат собарки, хигиеничарки, келнерки, готвачи.

Во огласите на кои налетавме се нуди и примамлива плата.

-Се бара келнерка со познавање на англиски и грчки јазик - плата 100 евра.

-Се бара жена до 40 години за работа во кујна - плата 800 евра.

Обезбедни сместување и храна.

-Потребна е собарка за остров Алонисос. Почеток со работа месец јуни. Потребни се ЕУ документи, како и познавање на англиски или грчки јазик а платата е 800 евра. Обезбедени се сместување и храна.

Во друг оглас пак пишува:

-Потребна собарка за Крф со познавање на грчки или англиски јазик. Плата 800/1000 евра. Обезбедено смастување и храна.

На истата страна има огласи во кои се бараат и работници за работа во Драчево.

Налетавме на овие огласи:

Потребна хигиеничарка за работа во Драчево во млечен ресторан и Домашна помосничка за готвење и одрзување на хигиена исто во Драчево. 

Потребна зена за работно место хигиеничарка во деловни простории во Скопје.Работни денови понеделник/петок од 17-22 часот.


Слично

Поврзани вести