Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРЕБНИ ИЛИ ПРЕДИЗБОРНИ - ред се редат огласи за вработувања во државни јасли

ПОТРЕБНИ ИЛИ ПРЕДИЗБОРНИ - ред се редат огласи за вработувања во државни јасли

Ред се редат огласи за нови вработувања на државни јасли. Во рок од само пет дена, голем број државни институции објавија дека бараат дури осумдесетина врботени, преку огласување на веб страната на Агенцијта за администрација. Претходно, од почетоков на овој месец, биле активни огласи за околу 30 работни места.

Платите што се нудат не се за потценување. Иако најниските се од 17 илјади денари, има и такви што достигнуваат и до 38.000 денари.

Меѓу огласите се и оние на Министерството за економија, министерството за правда, центарот за управување со кризи, Државен завод за индустриска сопственост, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, институтот за белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, и други. 

Дури 35 лица се бараат во Министерството за информатичко општество, каде платите ќе бидат меѓу 21 и 33 илјади денари. Управата за извршување санкции бара 18 лица, а ЈП за железничка инфраструктура ска да вработи тринаесетмина, кои ќе бидат платени од 18 до 28,5 илјади денари. Вработува и Центарот за управување со кризи. На оваа институција и требале осум работници, од кои некои ќе земаат и до над 32 илјади денари. 

А министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, пред околу една недела изјави дека потребите за вработување ги дефинираат институциите, а не Министерството за информатичко општество и администрација. Огласи за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Нема да се стопираат вработувањата заради изборите, бидејќи институциите имаат потреби. Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача Манчевски. 

„Огласите не ги распишува Министерството. Ние немаме евиденција кому што му треба. Затоа има раководители на институции. Не сме запознати колку огласи се објавени за примање нови вработени во јавната администрација, бидејќи тоа не е надлежност на МИОА, туку на Агенцијата за администрација“, нагласи тогаш министерот.

Нешто што нема врска со изборите, посочи тој, се случува на крајот на секоја година согласно функционирањето на кој било Буџет.

„На крајот на секоја година се прекинуваат договорите на определено и доколку има потреба институциите повторно распишуваат огласи во новата година за нови договори на определено. Ова е нешто што се случува секоја година без разлика дали има избори или не, туку едноставно на 31 декаември така функционира Буџетот. Затоа секоја година после Нова година имаме зголемен број на распишани огласи за договори на одредно време. Тоа ќе се случува и годинава, а се случувало и секоја година наназад“, појасни Манчевски.


Слично

Поврзани вести