„Потребен е нов пристап и политика на аргументи“: еве што порача премиерот Мицкоски од Белата Куќа
На вечерата во Белата куќа по повод 75 години од основањето на НАТО присуствуаше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, кој за овој настан се пофали и преку својот Фејсбук профил.
- Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО.
Оваа можност ја искористив да лобирам за Македонија и да испратам порака дека регионот наместо со минато потребно е да се занимава и гради иднина. Потребен е нов пристап и политика на аргументи - напиша Мицкоски на Фејсбук.
Еве ја неговата објава, која за кратко време собра бојни коментари:
Слично
