Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРАГАТА ПО ТРЕТИОТ ИСЧЕЗНАТ ПРОДОЛЖУВА, крајбрежните пловила трагаат по 28 годишниот Македонец

ПОТРАГАТА ПО ТРЕТИОТ ИСЧЕЗНАТ ПРОДОЛЖУВА, крајбрежните пловила трагаат по 28 годишниот Македонец

Потрагата по третото исчезнато лице на Халкидики продолжува, додека неговите двајца пријатели сега се здрави и живи.

Тој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.

Како што објавува „In.rg“ крајбрежни пловила и хеликоптер на воздухопловните сили ја скенираат областа, но не успеале да лоцираат знак за животот на 28-годишникот.

Неговите пријатели кои се веќе спасени, се вознемирени но се надеваат дека ќе слушнат добри вести, како што беше спасување на неговиот 30-годишен пријател кој по 18 часа во морето беше спасен.

Истовремено, општина Касандра во следниот период ќе ги започне неопходните работи, за да може веднаш да се постават табли за предупредување на туристите за брзаците кои постојат на локацијата, за во иднина да не се повторат идентични инциденти.

Исто така, во минатото Културното друштво Касандра поставило табли на самото место, но за несреќа истите некој ги отстранил.

Првиот кој беше спасен, 25 годишниот Васил Брезовски, кој од болницата во која што е згрижен за грчките медиуми посведочи што точно се случувало вчера.

Фото: Принскрин/Ин.гр

Слично

Поврзани вести