Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрагата по исчезнатото момче во Преспанското езеро запрена поради ветер и бранови

Потрагата по исчезнатото момче во Преспанското езеро запрена поради ветер и бранови

Запрена е потрагата по исчезнатото момче во Преспанско езеро поради временските услови. 

Скоро 24 часа траеше потрагата по16-годишното момче. 

Засега потрагата е прекината поради влошените временски услови со ветер и бранови, јави Сител.

Потрагата ќе породолжи утре со засолување од единицата за специјални задачи. 

По момчето трагаа нуркачи од повеќе градови  од Македонија, како и полициски специјалци.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот, кога три момчиња се возеле на педалинка. Нејасно е како едното момче паднало во езерото. Нуркачите кои беа вклучени во потрагата велат дека ниту едно од момчињата не било пливач, а не носеле ниту заштитни елеци. 

Исчезнатото момче е од околината на Ресен. 

Слично

Поврзани вести