ПОТРАГА ПО ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ: Деца на возраст од 12 и 13 години пријавени за исчезнати
Нови случаи со исчезнување на малолетници се пријавени во полициските станици во земајва. Како што пишува во билтените двајца малолетници се пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден.
По минатонеделната потрага по две тинејџерки на 14 години, од кои едната беше масовно пренесена во медимите по алармот кои родителите на девојчето го поркенаа преку социјалните мрежи, двете беа најдени од родители.
Но, сега се трага по уште помалади малолетници, кои се пријавени за исчезнати во полициските станици во скопски Карпош и Кичево.
- На 05.02.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето - соопштува МВР.
Исто така во текот на вчерашниот ден, во 15.45 часот во Полициската станица Кочани било приајвено исчезнување на малолетничка која има 12 години.
- Социјална работничка во Центарот за социјални работи Кочани пријавила дека од домот на нејзиното згрижувачко семејство се оддалечила Ј.А.(12), која и претходно се оддалечувала и била пронаоѓана и враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето - се наведува во нивното соопштение.
