Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРАГА: Ни трага ни глас од Елиф Фејзула од Синѓелиќ која исчезна во поплавите

ПОТРАГА: Ни трага ни глас од Елиф Фејзула од Синѓелиќ која исчезна во поплавите

Надлежни екипи се уште трагаат по 16 месечното девојче Елиф Фејзула кое исчезна во поплавите кои го зафатија скопскиот регион на 6 и 7 август.

Случајот во МВР со исчезнатото девојче од Сингелиќ го пријави чичкото на Елиф ноќта кога и се губи секаква трага

Девојчето во моментот на страшното невреме по обиколница со автомобил се движло со таткото. Голем воден бран почнал да го носи автомобилот по што на малото девојче му се губи трагата, а таткото починал.

Токму потрагата по девојчето е причина за вчерашните пренасочувања на сообраќајот од клучката Арачиново до населба Сингелиќ, раскрсницата со улиците „Методија Андонов Ченто“, „Алија Авдовиќ“, „Радован Ковачевиќ“ и крстосницата со улиците „Методија Андонов Ченто“, „Алија Авдовиќ“ и „Радован Ковачевиќ“ кон Стајковци.

Од страна на Единицата за потраги преземени се мерки за добивање на информации со цел пронаоѓање на исчезнатото дете Елиф Фејзула .

Слично

Поврзани вести