Потпретседателите на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ Манчевски и Мисајловски во Фактор магазин
Дали премиерите Заев и Ципрас по долгоочекуваниот телефонски разговор ќе им соопштат на граѓаните во двете земји дека постигнале комромис за дводеценискиот спор или македонско грчката голгота ќе продолжи?
Кога и каде ќе биде потпишан меѓудржавниот договор меѓу Македонија и Грција?
Кога договорот ќе биде ратификуван во парламентот и дали со референдум може да се одлучи да имаме и предвремени избори? Како ВМРО ДПМНЕ ќе одговори на договорот кој би го постигнале двајцата премиери? Дали и колку најголемата опозициска партија е запознаена со најновиот развој околу македонско-грчкиот дијалог?
На овие и други прашања во Фактор магазин вечерва Горазд Чомовски разговара со потпретседателите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Дамјан Манчевски и Владо Мисајловски.
Во емисијата интервју и со професор д-р Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја и претседател на македонскиот тим во заедничката комисија со Бугарија со кој ќе ги решаваат спорните историски и образовни прашања.
Гледајте Фактор магазин, вечерва во 19.30 на ТВ24.
