Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потпорен ѕид изграден од Коце Трајановски се урна од невремето

Потпорен ѕид изграден од Коце Трајановски се урна од невремето

Денеска, по невремето, на булеварот Борис Трајковски паднал потпорниот ѕид во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода.

Граѓаните од општината реагираа за новонастанатата штета на социјалните мрежи и бараат одговорност. Ѕидот бил граден во време не поранешниот градоначалникот Коце Трајановски., 

Исто така беше урнато и дел од уличното осветлување на булеварот, при што за сообраќај привремено беа затворени трите коловозни ленти.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не претставува опасност при движењето на возилата.


Слично

Поврзани вести