Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТПИШАЛ ЗА 11 ЛИЧНИ КАРТИ И НЕ ГИ ДОСТАВИЛ: Полицаец ќе одговара кривично, оставил жители на Мирковци без документи

ПОТПИШАЛ ЗА 11 ЛИЧНИ КАРТИ И НЕ ГИ ДОСТАВИЛ: Полицаец ќе одговара кривично, оставил жители на Мирковци без документи

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Д.С., полицаец во Полициската станица Чаир, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.

Според соопштението на МВР, полицискиот службеник во просториите на Одделението за управни работи во Скопје потпишал и подигнал 11 лични карти, како и извештај за скенирани лични карти за жители од подрачјето на ПО Мирковци, Општина Чучер Сандево.

Тој не ги доставил документите до полициската станица во Мирковци, ниту пак пријавил дека тие недостасуваат. Со тоа на граѓаните им било ограничено правото навремено да ги подигнат личните карти, а им била нанесена и материјална штета.

„Против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка. Тој ќе биде суспендиран до нејзино завршување, а како мерка му се одземаат службеното оружје и муницијата“, велат од МВР.

Слично

Поврзани вести