Потоп на акциите на компаниите на Агрокор
Голем шок се случи денеска на Загребската берза на акции откако раководството донесе одлука повторно да дозволи да се тргува со хартиите од вредност на компаниите кои се под капата на Агрокор.
Откако беше тргната вчерашната забрана за тргување и прифатен планот за реструктуирање на компанијата со обезбедување на долгот на доверителите, денес се случи голем потоп на вредноста на акциите на осумте компании, со неверојатни падови кои достигнаа и над 90% со што се доведоа до големо обезвреднување на пазарната капитализација.
Акциите на Јамница паднаа за 64,55 посто на 3.899 куни со промет од 1,74 милиони куни. Практично овие акции беа откупени за ситно и со тоа се реализираше најголемото поединечно тргување на ЗСЕ.
1,64 милиони се истргуваа со акциите на Ледо, но со огромен пад на цената од 59,85% со што една акција достигна најниска вредност од 269 куни. Најголем пад на вредноста на акциите забележа Тиска од 82,99 %. Најмал промет се оствари со акциите на Ѕвезда од само 150 илјади куни со рекорден пад на вредноста на акциите од 94,12% или една акција се тргуваше за 35 куни. Според последните движења на курсот на валутите едно евро чини 7.55 хрватски куни.
