Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потона турската лира

Потона турската лира

Падна вредноста на турската лира за 17 отсто. 

Курсот на доларот во однос на лирата утринава порасна за околу 12 проценти, на 8,05 лири за долар, што е најголем дневен пад на турската валута од август 2018 година и тогашната финансиска криза.

Валутата утринава имаше остар пад на вредноста, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот викенд го отпушти шефот на Централната банка, критикувајќи го дека каматните стапки во земјата се високи. 

„На властите им преостануваат два избори – или ќе кажат дека ќе ги користат каматните стапки за да го стабилизираат пазарот или ќе воведат контроли на капиталот. Верувам дека Ердоган ќе се определи за второто“, изјави Пер Хамарлунд, стратег за пазарите во развој во СЕБ Рисрч.

Во текот на изминатите години лирата во неколку наврати паѓаше.

Во ноември лани оваа валута беше на рекордно ниско ниво. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести