Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТОНА ПРОФИТОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ БРЕНД - пад од 26,4 отсто на годишно ниво поради слабата продажба во Кина

ПОТОНА ПРОФИТОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ БРЕНД - пад од 26,4 отсто на годишно ниво поради слабата продажба во Кина

Јапонската корпорација Тојота Мотор денеска објави дека нејзината добивка во првите шест месеци од фискалната година, од април до септември, паднала за 26,4 отсто на годишно ниво, на 1,91 трилиони јени или приближно 11,2 милијарди евра.

Според извештаите, падот на профитот првенствено се должи на послабата продажба во Кина и скандалот поврзан со квалитетот на возилата на Тојота. Компанијата „Тојота“ призна дека не ги следела целосно државните стандарди за тестирање на возила, а овој скандал доведе до прекин на производството на некои популарни модели како што е спортското корисно возило „Јарис Крос“.

Групацијата Тојота продаде 5,37 милиони возила во споменатиот шестмесечен период, што е за четири отсто помалку од истиот период минатата година.

Продажбата во Кина падна за 13,7 отсто на годишно ниво, бидејќи тамошните потрошувачи сè повеќе купуваат електрични возила подостапни од кинески локални марки, пренесува агенцијата Kyodo, пренесува Танјуг.

Слично

Поврзани вести