Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТКУПОТ ЦАРУВА ВО ЗАТВОРИТЕ: Полицаец од Штип заврши во притвор

ПОТКУПОТ ЦАРУВА ВО ЗАТВОРИТЕ: Полицаец од Штип заврши во притвор

Царува митото и корупцијата, но и поткупот во затворите во државата. Ова би се констатирало по последниот случај кој го објави МВР од казнената установа во Штип.

Имено, надзорник во Казнено поправен дом Б.Б.(30) од Штип доби притвор од 30 дена. Причината е сомнение дека примил поткуп откако претходниот месец од осудено лице побарал парични средства во износ од 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице.

Надзорникот со ова ја злоупотребил слжбената положба и наредбата на директорот на Казнено поправниот дом Штип според која има  строга забрана за внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.

Кај директорот случајот го пријавил осудениот кој што кажал дека  Б.Б. му правел притисок секој ден на надзорникот да му дава пари и разни производи.

Б.Б. пред два дена примил 150 евра од осудениот а по пријавата добил притвор од 30 дена.

Слично

Поврзани вести