Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТКУП ВО БИТОЛА: Му дале 1000 денари за да гласа за нивниот кандидат

ПОТКУП ВО БИТОЛА: Му дале 1000 денари за да гласа за нивниот кандидат

На битолчанец му биле дадени 1000 денари како поткуп за гласање. 

24-годишниот Г.А. вчера во 21 часот во битолската полиција пријавил дека еден час претходно во неговиот дом во село Мусинци Б.Р. од село  Могила му дал 1000 денари со намера да гласа како што тој сака. 

Лицата се повикани во полиција, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.

Од МВР информираа денеска дека имало седум случаи на поткуп на гласачи. 

Слично

Поврзани вести