„Поткуп“ се одложи уште еднаш
Уште едно одложување на рочиште за случајот „Поткуп“ каде премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица бара поткуп од бизнисмен.
Неможноста на јавниот обвинител да присуствува на денешното рочиште е причина за одложување на судењето.
Следното рочиште е закажано за 26 февруари.
На претходното рочиште како што пишувавме премиерот и одбраната побараа да биде обелоденета целата видео снимка, за да се обели образот на Заев и да се докаже дека случајот е политичка месетнка од претходната гарнитура на ВМРО ДПМНЕ.
Слично
