„ПОТКУП“ одложен за јануари: Заев бара да се објави целата снимка за да си го обели образот
Премиерот Заев бара целата снимка објавена од јутјуб да биде објавена со цел да му се обели образот.
Денеска беше одложено рочиштето од судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот и истото е презакажано за 29 јануари, следната година.
Причина за одложувањето е тоа што предметот е во Апелацискиот суд Скопје кој треба да одлужува по жалбата на Заев околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судската постапка.
Одбраната на премиерот бара снимката од ПИ-мерките да не се користи како доказ, бидејќи делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.
„Сакам снимката да биде јавно обелоденета со деловите каде што е пресечена“, истакна Заев и додаде дека му е важно да го зачува образот.
Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
Премиерот тврди дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.
