„ПОТКУП“ И „НАРАЧАНИ ШАМАРИ“: И сегашниот, и екс премиерот утре на суд!
Актуелниот и поранешниот премиер Зоран Заев и Никола Груевски утре треба да се појават на суд.
Причина се случаите во кои се обвинети.
Премиерот Заев треба да се појави на рочиште за случајот „Поткуп“, додека Груевски за случајот со „насилството и шамарите во општина Центар“.
Првиот човек на Владата во случајот „Поткуп“ е обвинет за наводно земено мито, во својство на градоначалник на Општина Струмица.
Според обвинителство кое го почна случајот во време на Зврлевски , Заев наводно побарал поткуп од 163.924 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов а утре ќе видиме дали ке почне овој случај да добива некаква разрешница.
Груевски пак ќе чека да почне случајот за нарачаните шамари за екс градоначалникот на Центар Жерновски.Во овој случај се обвинети 13 лица, а меѓу нив се и актуелната пратеничка Даниела Рангелова и екс министерот Миле Јанакиески.
