Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОТКУП“ денес со ново рочиште: Заев побара објавување на целата снимка

„ПОТКУП“ денес со ново рочиште: Заев побара објавување на целата снимка

Предновогодишното рочиште за случајот Поткуп каде се товари премиерот Заев беше одлжено и истото треба да продолжи денеска.

Случајот според Заев е политичка местенка, и тој на последното рочиште побара да се објави целата видео снимка со цел да му биде обелен образот.

„Сакам снимката да биде јавно обелоденета со деловите каде што е пресечена“, истакна Заев на последното рочиште и додаде дека му е важно да го зачува образот .

Во случајот „Поткуп“ според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Премиерот тврди дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.

Слично

Поврзани вести