„ПОТЕГОТ НА ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА СЕ КВАЛИФИКУВА КАКО ПОТЕГ НА КОЦКАР“: Екс директорот на ПОЦ со критики за лидерот на партијата
Поранешниот директор на Паркинзи Општина Центар, Васко Кичевски, со критики за повикот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за оставки на раководството на партијата.
„Потегот на Венко Филипче слободно може да се квалификува како потег на коцкар. А ова се причините:
1. По очигледната некадарност, вината ја бара кај сите други, освен кај себе.
2. „Коцкарот“ кога губи, посегнува и по последното што го поседува, а тоа е неговиот дом. Од тука има два различни начина како ќе продолжи. Првиот е да седне и да се „испазари“ со таканаречените различни струи во СДСМ, но тогаш, горе-долу, ИО ќе биде ист, можеби со некој сменет лик, но под иста диригентска палка, која се разбира, не е кај Венко. Вториот начин е да состави свој ИО, кој нема да биде под влијание на овие т.н. струи, но тогаш ризикува да нема кворум на ЦО. Ќе видиме кој пат ќе го избере според составот на раководството.
3. Потегот што го повлече Венко уште еднаш покажува дека СДСМ е султан-партија и нема никаква врска со демократска партија. Потребата од промена на статутот сега е уште понагласена“, напиша тој.
