Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потценувачка насловна страна, реакциите остри

Потценувачка насловна страна, реакциите остри

Дневниот весник Слободен печат го навлече гневот на социјалните мрежи со насловната страна за утрешниот број откако за насловот "Вмровците ги покажаа забите“ прикажа една повозрасна жена која беше дел од протестот пред Собранието.

Да ви се наплукам и на "новинарството", а особено на елитизмот со кој се ситите на оваа "беззаба" жена, остро реагираше професорот Трајче Стојанов. 

„Латас и тајфата не ви се ни до колена на вашата гнаса у душите! Да ви се наплукам и на "новинарството", а особено на елитизмот со кој се ситите на оваа "беззаба" жена, која веројатно вашите елитисти "ала Шеќеринска и компанија" ја оставиле стечаец додека крадевте и раскрчмувавте државен имот! Борбата со вас ќе биде уште погнасна, гнаси низаедни!- пишува Стојанов. 


Сличен став со осуда за оваа невкусна насловна страница со која се потценува возрасната жена на денешниот протест веќе се шири на социјалните мрежи.

„Сликата треба да е за потсмев, а всушност е реалноста која ја живееме. Жена во 60-тите години, вероватно отпуштена во приватизацијата кога се создаваа овие тајкуни кои сега владеат, лишена од секакви права како жена поради општеството, секоја шанса за напредок поради состојбите во државата, со толку бедна пензија која и оди на сметки и лекови шо не може вилици да си дозволи... Нејзиниот грев? Оди да се бори во тоа што верува“ - напиша Павле Трајанов, сатиричар. 

Луѓето кои веќе ја виделе насловната имаат негативни коментари за истата. 

Слично

Поврзани вести