Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постои шанса Албанија да ги почне преговорите со Европската Унија без Македонија

Постои шанса Албанија да ги почне преговорите со Европската Унија без Македонија

Од Европската Комисија(EK) велат дека има можност Албанија да ги почне преговорите со Европската Унија без Македонија. 

Портпаролката на EK, Ана Писонеро ги расчисти дилемите за изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји и можното раздвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговори.  Taa потврди дека ставовите на Вархеји се и ставови на Комисијата, која не би се противела ако земјите членки одлучат само Албанија да ги започне преговорите.

„Комесарот Вархеји ја пренесе оваа позиција доста јасно, и секако имајќи предвид дека земјите-членки мораат да се согласат за преговарачката рамка. Точно е дека тој посочи дека доколку нема договор во случајот со Македонија, ова би можело да биде нешто што би требало да биде разгледано, но секако ова е во рацете на Советот“, изјави Писонеро. 

Вархеји откако пред неколку дена во Скопје кажа дека процесите за членство на двете земји би можеле да бидат раздвоени, истиот став го повтори и пред седиштето на ЕУ во Брисел. Македонија ја „кочи“ спорот со Бугарија. 

Слично

Поврзани вести