Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ЗА ИМОТОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО: Пожар во близина на селото Октиси

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ЗА ИМОТОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО: Пожар во близина на селото Октиси

Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението, велат од Центарот за управување со кризи.

„На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови“, информираат од ЦУК.


По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот.

Слично

Поврзани вести