Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постигнат е напредок во Комисијата за историски прашања, тврди Заев

Постигнат е напредок во Комисијата за историски прашања, тврди Заев

Постигнат е напредок во Комисијата за историски прашања, вели премиерот Зоран Заев. 

Тој рече дека разговорите со Бугарија треба да продолжат без разлика на исходот од претстојниот Совет на министри. 

„Треба да се имплементираат Договорите со Грција и Бугарија. Во оваа насока, Бучковски треба да е мотиватор за реализација на договорите. Разговорите, пак со Бугарија, ги води МНР, односно Бујар Османи, а вклучен е и вицепремиерот Никола Димитров. Тука е секако и мојот кабинет, но и амбасадарот во НАТО, Дане Талевски. Деновиве се прават напори за да се изнајде решение. Ние претходно го подготвивме народот дека е можно да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа и да започнат преговорите. Но, нашата стратегија е дека треба да продолжиме да разговараме и ќе правиме максимални напори до последниот момент“, изјави Заев.

Заедничката Комисија пак два дена ќe бара решение за револуционерот Гоце Делчев.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека ќе биде вратена довербата во Договорот за добрососедство со Бугарија доколку денеска и утре на онлајн средбата македонската и бугарската историска комисија ги доближат ставовите за Гоце Делчев.

Лингвистите пак повика за нација, јазик и историја да не се преговара. 

Бугарија засега не отстапува од ветото. 

„Политико“  во својата анализа за работата на Европската Комисија во годинава што изминува, наведува дека за да се надмине блокадата меѓу Македонија и Бугарија клучен фактор е германското претседателство, а не еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Слично

Поврзани вести