ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Живаљевиќ ќе си замине од Македонија
Српскиот дипломат и разузнавач, Горан Живаљевиќ си оди дома, како и неговата колешка Ирена Бужаровска која ќе се врати во матичната земја.
Ова е дел од договорот на Агенцијата за разузнавање на Македонија и на Безбедно-информативната агенција на Србија, по скандалот со присуството на српскиот разузнавач во Собранието на Република Македонија на „крвавиот четврток“ на 27 април. Живаљевиќ ќе замине до 15 месецов.
На ниво на агенции за разузнавање, договорено е взаемно повлекување на разузнавачите, дипломати, од македонската амбасада во Белград и српската амбасада во Скопје.
Освен тоа, разузнавачките агенции ја прекинуваат соработката со размена на безбедносно-дипломатски претставници. Ова значи дека привремено се суспендира договорот за соработка кој предвидува размена на претставници од безбедносно-разузнавачки профил во дипломатските претставништва во Белград и Скопје.
Во петокот, полицијата информираше дека до обвинителството поднеле известување за
две кривични дела на Живаљевиќ извршени на „крвавиот четврток“. Српското МНР пак
вчера до македонското Министерство за надворешни испратило реакција за
кривичната пријава против српскиот дипломат и разузнувач.
Скандалот со Живаљевиќ ги залади односите со соседна Србија.
