Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТЕВ И КОГА БЕВ ВО ФРАНЦИЈА, СЕ КРСТАМ ПРЕД ДА ПОЧНАМ ДА ЈАДАМ: Проф. д-р Чепреганов за постот и религијата

ПОСТЕВ И КОГА БЕВ ВО ФРАНЦИЈА, СЕ КРСТАМ ПРЕД ДА ПОЧНАМ ДА ЈАДАМ: Проф. д-р Чепреганов за постот и религијата

Проф. д-р Методиј Чепреганов во разговор за Женски Магазин открива дека религиозните норми и канони во неговото семејство постојат како традицијаза. Вели дека пости неколкупати во годината и дека се прекрстува на трпезата.

-Се крстам пред да јадам, за Бог да ја благослови трпезата, а кога ќе завршам му се заблагодарувам што ме нахранил

Откако знае за себе ги издржува целосно Петровите, Богородичните, Божикните и Велинденските пости. Тоа го правеле и неговите родители и предци.

- Во прашање е канон, длабоко инкорпориран во фамилијарната хармонија и опстојување. Постам и во поедини денови во годината кои се строго одредени, како и среда и петок. Морам да признам дека во овие денови може да има и отстапувања. Постев и кога бев во Франција. Дури имаше колеги кои ме следеа во постењето. Ритуалот да се пости е норма која треба да ја всадите од рана возраст, како и секоја молитва, макар и само со крст, кога почнувате да се храните, Бог да ви ја благослови трпезата, и кога завршувате со ручекот да му се заблагодарите што Ве нахранил. Ако овие канони не ви се всадени во Вашата личност, би требало и подоцна да ги усвоите –вели тој и дополнува дека пости од две причини - религиозна и медицинска.

Целиот раговор на Женски магазин


Слично

Поврзани вести