Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТЕПЕНО ВРАЌАЊЕ ВО ШКОЛО НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ: Ако состојбата остане стабилна, учениците ќе се враќаат во клупите

ПОСТЕПЕНО ВРАЌАЊЕ ВО ШКОЛО НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ: Ако состојбата остане стабилна, учениците ќе се враќаат во клупите

Министерот за здравство Венко Филипче, во гостувањето на ТВ Сител, истакна дека е можно постепено враќање на учениците во школските клупи ако епидемиолошката состојба остане стабилна каква што е во овој момент. Тој уште еднаш ја повтори веќе донесената одлука согласно која родителите на децата од прво до трето одделение ќе изберат дали ќе посетуваат настава со физичко присуство или пак ќе се одлучат за онлајн, а за сите останати ученици, учебната година започнува по електронски пат.

-На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија.“, рече министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести