Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поставена бомба во куќата на родителите на Антонијо Милошоски

Поставена бомба во куќата на родителите на Антонијо Милошоски

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ пред малку на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на неговите родители. 

Антонијо Милошоски вели дека бомбата била кукавички поставена со цел да ги убие или рани неговите родители. 

„Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи.

Заканата кон Татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување. Борбата, со демократија, со говор, со став, со патриотизам за Татковината, ќе продолжи со несмален ентузијазам!
А за крими-политичкото подземје, една порака, не бидете удбашки кукавици, оставете ги на мира нашите стари, нашите жени и деца!“, пишува Милошоски на Фејсбук.

По оваа информација се јави и СДСМ откаде што ја повикаа МВР да го расветли случајот.

Партијата на Зоран Заев го осуди овој инцидент.

„Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонијо Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети“, соопштија од СДСМ.

Слично

Поврзани вести