Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поставен параванот, запонува изградбата на зградата на последната зелена површина во центарот на Скопје

Поставен параванот, запонува изградбата на зградата на последната зелена површина во центарот на Скопје

Метален параван е поставен кај паркот кај хотел „Јадран“ во строгиот центар на Скопје, што укажува на тоа дека петкатница во Мал Ринг на неколку метри од Плоштад Македонија во строгиот центар на Скопје веќе е започната.

Станува збор за зелено паркче со димензии 30 х 35 метри. Ова ги засега жителите од околните згради од улиците „Орце Николов“, „Скопска“ и „Никола Кљусев“. 

Фирмата „Сколимекс“ доби дозвола за градба, издадена од страна на Општина Центар на 2 ноември 2021 неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ.

Неодамнешно истражување покажа дека адвокат од Лихтенштајн, што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, е сопственик на компанијата која ја доби парцелата за изградба на петкатница на парцелата која претходно важеше за „последна зелена површина“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг.

Со тоа, паѓаат во вода сите напори на станарите од околните згради да се заштити паркот и да се спаси последната зелена површина во Мал ринг.



Слично

Поврзани вести