Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТАР ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКИТЕ СЕЛА ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР ПОКРАЈ ПАТОТ - во домот најдени мотоцикл и други предмети

ПОСТАР ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКИТЕ СЕЛА ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР ПОКРАЈ ПАТОТ - во домот најдени мотоцикл и други предмети

Повозрасен жител на селото Калаузлија од околината на Радовиш е уапсен поради подметнување пожар, Министерството за внатрешни работи најавува и пријава. 

- Нa 02.10.2025 во 12:30 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ш.М.(63) од с.Калаузлија. Тој се сомничи дека на 01.10.2025 околу 19:00 часот подметнал пожар покрај патот кој води кон село Калаузлија, кој бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш.

При преземање мерки, полициските службеници во близина на домот на Ш.М. го пронашле мотоциклот со кој бил кога го подметнал пожарот, како и други предмети кои ги користел при извршување на делото. 

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Ш.М. ќе биде поднесена кривична пријава - се појаснува во соопштението на МВР. 


Слично

Поврзани вести