Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТАР ЖИТЕЛ НА ДЕМИР КАПИЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА - ја канел во ресторан, го одбила, но тој рекол пак ќе ја бара

ПОСТАР ЖИТЕЛ НА ДЕМИР КАПИЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА - ја канел во ресторан, го одбила, но тој рекол пак ќе ја бара

Повозрасен жител на Демир Капија е приведен од полицијата поради вознемирување на малолетничка. Имено, станува забор за лице на возраст од 72 години кој бил приведен во полиција, по пријава дека вознемирил малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П., постапувајќи по пријава од Ф.М.(43) од демиркаписко село. Според пријавеното, во Демир Капија, неговата малолетна ќерка истиот ден била запрена од М.П., кој откако ја сопрел, почнал да и упатува прашања и понуда за во ресторан. Откако малолетничката одбила и рекол дека повторно ќе ја побара. Од тоа, таа се вознемирила и исплашила - појаснуваат од СВР Велес. 

Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.

- М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава - додаваат од СВР Велес.

Слично

Поврзани вести