Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постапката на Антикорупциска за исплатата на лозарите заврши неславно по интервенција на судот

Постапката на Антикорупциска за исплатата на лозарите заврши неславно по интервенција на судот

Само што Комисијата за спречување на корупција отвори постапка по приговор на ВМРО-ДПМНЕ за истрага на предизборна исплата на вкупно 77 милиони денари на над две илјади лозари за откуп на винско грозје винариите во стечај „Повардарие“ и „Стефанс“, истата е пред неславен крај.

Управниот суд по тужба од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој утврдил дека нема судир на интереси и ја поништи одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата по приговор на ВМРО ДПМНЕ.

Аргумент на Агенцијата беше дека членот од законот кој ги забранува овие трансакции во предизборен период е укинат од претходно.

Слично

Поврзани вести