Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последно деноноќие од долгиот карантин, ама за олабавување ќе почекаме

Последно деноноќие од долгиот карантин, ама за олабавување ќе почекаме

Последното деноноќие, односно последните 24 часа од вкупно 85 часа во кои земјава е во карантин течат до 05 часот утре изутрина. Македонија е во најдолгото ограничување на движењето досега во историјата, откакако Владата одлучи минатата недела да воведе ваква забрана поради ширњето на коронавирусот и поради празнувањето на велигден. 

Од утре во 05.00 часот рестрикцијата завршува, но на сила останува ограничувањето на движењето после 16 часот секој ден и дополнително посебни ограничувања за младите и за постарите граѓани. 


Веќе објавивме дека Владата подготвува сериозен план, по првомајските празници да започне процесот за враќање на нормализација на животот на граѓаните, но, тој процес, како што велат сите владини претставници, нема да биде воспоставен веднаш, туку постепено ќе се донесат насоки за чекорите, полека и сигурно да се врати нормалниот тек на живот во нашата земја.

Владата го задолжи по последната седница Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство.

Пензиите ќе се делат по азбучен ред.

Слично

Поврзани вести