Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последните професионални натпревари на Пандев ќе му бидат на Европското првенство

Последните професионални натпревари на Пандев ќе му бидат на Европското првенство

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев синоќа постигна два гола во победата на Џенова од 2-1 против Наполи, по што беше запрашан по натпреварот во италијанската серија А дали ќе продолжи да игра и следната сезона.

„Дали ќе се пензионирам? За жал да, тешко е се игра и пред се да се опоравува од повреди на моја возраст. Мојата намера е да прекинам да играм по Европското првенство, а потоа ќе видиме. Засега среќен сум тука“, рече Пандев по мечот.

Тоа најверојатно значи дека капитенот на македонската фудбалска репрезентација своите последни професионални натпревари ќе ги одигра за националниот тим на Европското првенство ова лето, каде што за прв пат во историјата и ќе настапи.




Слично

Поврзани вести