Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последниот приговор ДИК ќе го разгледува утре во 11 часот

Последниот приговор ДИК ќе го разгледува утре во 11 часот

Државната изборна комисија (ДИК) по последниот приговор на СДСМ ќе расправа утре во 11 часот. 

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кажа дека се одложува седницата со цел да се изготват сите донесени одлуки за да можат истите да бидат доставени.

ДИК на денешната седница усвои еден приговор на БЕСА за гласањето во ИЕ6 во гласачко место во Гостивар. Со 6 гласа за и 3 против, членовите на ДИК донесоа одлука да се поништи гласањето во изборното место, а доколку има разлика да има прегласување на истото.

Пред ДИК и вечерва имаше симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека волјата на народот не треба да биде погазена.  Тие си заминуваат од пред ДИК. 

Слично

Поврзани вести