Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последниот предновогодишен говор на Иванов става печат на денот

Последниот предновогодишен говор на Иванов става печат на денот

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска ќе го оддржи од собраниската говорница својот последен предновогодишен говор пред истекот на неговиот втор мандат по кој ќе нема право да се кандидира по трет пат на следните избори во мај.

Говорот на шефот на државата треба да остави печат на денот во контекст на куќните притвори во случајот „Империја“, менувањето на Кривичниот законик и доделувањето на амнестии за осомничени од 27 април.

Во минатото Иванов често пати беше критикуван за неговите годишни обраќања во Собранието од актуелната власт како тогашна опозиција. Му се забележуваше дека ги фали политиките на ВМРО-ДПМНЕ, а го критикува СДСМ со што се става во улога на претседател само на една група граѓани, а не на сите.

Иванов годинава веќе одржа два говори со кој остро го искритикува Преспанскиот договор од кои еден на празникот 2 Август на Мечкин Камен и еден пред референдумот на 30 септември во собранието на ОН.

Останува да се види дали тој ќе го спомене и сведочењата на рочиштата за упадот во Собранието на 27 април на кој се тврдеше дека толпата била организирана и од соработници во претседателскиот кабинет.

Во последно време има знаци дека Иванов ги затоплува односите со власта по потпишувањето на указот на Законот за амнестија и пријателскиот поздрав со премиерот Зоран Заев неодамна на концертна вечер.


Слично

Поврзани вести