Последни часови пред официјализирање на новата влада
Македонија ги живее последните неколку часа во неизвесност во поглед на составот кој ќе го има идната влада.
Во 19 часот раководството на СДСМ седнува на заедничка маса на Централен одбор на кој ќе се финализираат министерските ресори. На состанокот ќе се разговара за владиниот состав, насоките и принципите, а деталите ќе бидат соопштени по завршувањето на состанокот.
Пред 15 часот СДСМ и ДУИ ја имаа последната средба пред мандатарот официјално да го обелодени составот на новиот владин кабинет.
Заев и Али Ахмети, на денешната средба разговарале за што побрзо свикување на собраниска седница за да се донесат важни реформски закони. Дополнително, разговарале за составот на новата Влада и за кадровските решенија што ги предлага ДУИ.
БЕСА како што соопштивме се изјасни дека нема да биде дел од владата на Заев бидејќи тој ги одбил принципите на движењето на Касами.
