Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДНА ШАНСА ДО 5 ЈУНИ: Водовод со акција за отплата на долговите за вода без камата

ПОСЛЕДНА ШАНСА ДО 5 ЈУНИ: Водовод со акција за отплата на долговите за вода без камата

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја известува јавноста дека продолжува акцијата за отплата на заостанатите долгови за потрошена вода без пресметка на камата.

Акцијата важи за сите корисници кои имаат тужен или редовен долг, а рокот за искористување на можноста за плаќање на рати без камата истекува на 05.06.2026 година.

  • -Оваа можност не важи за органите на државната и локалната власт, како и за институциите кои вршат јавни дејности по закон, вклучително агенции, фондови, јавни установи и претпријатија основани од државата или општините во градот Скопје.

ЈП Водовод апелира до сите корисници со заостанати долгови да ја искористат оваа прилика за регулирање на обврските без дополнителни трошоци.

По 05.06.2026, одлуката за отплата без камата ќе престане да важи.


Слично

Поврзани вести