Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последна седница на Совет на град Скопје: Ќе се расправа и за идни вработувања

Последна седница на Совет на град Скопје: Ќе се расправа и за идни вработувања

Советот на Град Скопје денеска терба да ја одржи 74-та седница која воедно е и последна за овој состав. На 17 октомври ќе се одржат нови локални избори на кои ќе се избира градоначалник и советници за Советот. На денешната седница ќе се расправа за Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2021 – 2030 година.

Изработката на стратегијата е правена во соработка со тимот на „Скопје Европска Престолнина на Културата 2028“, а во процесот се вклучени и голем број независни соработници и експерти.

Беше соопштено и дека на денешната седница Советот на град Скопје ќе расправа и за плановите за вработување на јавните претпријатија и јавните установи за 2022 година, извештаите за работа на средните училишта на Град Скопје за 2021 година, информација за уписите во средните училишта на Град Скопје за 2021 година, како и програмите за работа на средните училишта на Град Скопје за 2022 година.


Слично

Поврзани вести