Последна почит за Владо Јаневски во среда на платото пред СЦ „Борис Трајковски“
Граѓаните, уметниците, колегите и семејството, утре во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци, Владо Јаневски.
„Во чест на Владо Јаневски.
Утре во 20:00 часот на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски.
Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат.
Ги повикуваме сите што го сакаа и растеа со неговата музика да ни се придружат.
Да го испратиме достоинствено.
Со песна. Со тишина. Со љубов.
Затоа што легендите никогаш не умираат – тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ, порачаа организаторите „Прагма продукција“.

Како што веќе беше објавено, Јаневски почина вчера на 65 годишна возраст, а погребот ќе биде во среда на градските гробишта Бутел.
Според пишувањата во медиумите, Јаневски почина по кратко боледување, на една од скопските клиники.
Фото: Вангел ТануровскиПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Владо Јаневски ќе биде погребан на 1 јули, на градските гробишта во Бутел
Македонската сцена загуби голема музичка икона: Збогум Владо Јаневски
