„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“, стои во коментарот на Стејт департментот.
Последна опција за излез од кризата воведување на санкции за политичари и бизнисмени од ЕУ и САД
Последната опција која ќе ја извлече земјата од кризата би можело да биде воведување на санкции за политичари и бизнисмени од Брисел и САД.
Токму од Стејт департментот вчера беше пратена порака дека политичарите кои вршат опструкции во Македонија да бидат земени на одговорност.
Коментирајќи ја политичката криза во државата портпаролот на департментот за Гласат на Америка вели дека Собранието има јасно мнозинство кое чека да формира влада.
Оттука САД вели, ги поттикнуваат лидерите во земјава да сторат сè што можат, за формирање на Влада без натамошно одлагање за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атлантското семејство.
