ПОСЛЕДЕН ЈУНСКИ ДЕН: Денес и утре температури над 40 степени во недела пресврт во временската прогноза
Денес е последниот ден од месец јуни.
Во однос на тоа дека е лето, Македонија е во навистина жешок бран.
Тропските горештини ќе ги чуствуваме и денес а и утре (сабота) кога врвот на топлото ќе биде ектремно високо додека во недела метеоролозите најавуваат пресврт во временската прогноза.
Температурите денес ќе се движат над 40 степени Целзиусови а за во недела УМХР најавува поројни дождови.
Тие дождови ќе не разладат и ќе донесат пад на температурите кои во понеделник ќе бидат дури за 10 степени пониски, односно ќе се движат нешто над 25 степени.
Во понеделник не очекува сончево време со значаен пад на температурата каде максималната ќе достигне вредност од 27 степени.
Веќе од вторник се враќа топлото време а дневните температури ќе се искачуваат со што максиумумот ќе се движи околу 30 степени.
