Последен ден од куќните притвори во „Империја“?
Денеска треба да биде одлучено дали осомничените од случајот „Империја“ на СЈО ќе останат во куќен притвор или истиот ќе им биде продолжен.
Датумски за денеска истекуваат триесетте дена мерка куќен притвор за бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и сопственикот на Пелистерка, Цветан Панделески.
Од СЈО е потврдено дека ќе се бара продолжување на мерката, но дури и да биде потврдено од Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд Скопје, можно е Врховниот суд на крај да ја прифати евентуалната жапба на одбраната и тие да се бранат од слобода.
Врховниот суд со мислење им ги забрани сите истраги на СЈО покренати по 30 јуни 2017 година, а претседателот Јово Вангеловски синоќа најави дека според таа одлука ќе ги поништува сите решенија што ќе стигнат до таа судска инстанца за обвиненија и истраги од последните 18 месеци.
Според Врховен суд, рокот на делување на СЈО е истечен од јуни минатата година.
