Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последен биланс: Тројца починале, повеќе од 10 отсто од тестираните се позитивни

Последен биланс: Тројца починале, повеќе од 10 отсто од тестираните се позитивни

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6. 

Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 59

• Гази Баба – 80

• Аеродром - 109

• Карпош – 83

• Центар – 96

• Кисела Вода – 79

• Ѓорче Петров – 50

• Бутел - 31

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 9

• Сарај – 12

• Арачиново – 5

• Илинден – 28

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-2


Слично

Поврзани вести