„ПОСЛЕ САМИТОТ ВО БУКУРЕШТ ВО 2008, МАКЕДОНИЈА ТРЕБАШЕ ДА ГИ ПРЕКИНЕ СИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО/ЕУ“: Мухамеди вели денес ќе бевме поразвиена држава
Носител на листа на Независни заедно, Умејр Мухамеди, вели дека Македонија требала да ги прекине сите преговори со ЕУ и НАТО, по Самитот на Букурешт во 2008 година.
Според него Македонија чека се од другите држави.
„После Самитот во Букурешт во 2008 година Македонија требаше да ги прекине сите преговори за влез во НАТО/ЕУ.
Убеден сум дека денес ке бевме многу поразвиена Држава односно “ке се радувавме на неуспехот” од 2008 година.
Исто како едно дете кој чека све од родителите и на крај од тоа дете не бидува ништо за разлика од некое дете што прави све сам и станува “поопасен” од овој што ја има поддршката од родителите.
Ние чекајки од странците заборавивме дека треба нешто сами да направиме“, објави тој.
Слично
